Oрганизација на АКН

Со Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) управува Управен одбор што е составен од пет члена, и тоа по еден член на предлог од Министерството за правда, Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Членовите на Управниот одбор ги именува и ги разрешува Владата на Република Македонија за период од пет години, без право на повторен избор.
 

 Внатрешната организација и работата на АКН произлегуваат од нејзините  надлежности утврдени со закон, преку групирање на работите и задачите според нивниот вид, обем, сложеност и меѓусебна сродност и поврзаност.
 

Со внатрешната организација на АКН се обезбедува:


- законско, стручно, ефикасно, уредно, отворено, совесно и навремено извршување на работите и задачите во согласност со Уставот и со законот; 

- независност и одговорност при вршењето на работите и задачите;

- остварување на лична и колективна одговорност за вршење на доверените работи што произлегуваат од секое работно место;

- правилно распоредување на работите, соодветно на работните места и следење на нивното извршување;

- развивање и унапредување на тимската работа;

- развивање и унапредување на стратегиите за стручно усовршување на вработените;

- примена на современи методи за работа;

- сервисна ориентираност кон граѓаните и правните лица;

- остварување  меѓусебна соработка на организациските облици во Агенцијата и нивна соработка со други органи и организации во земјата и во странство, како и нивна приспособеност кон надлежностите на Агенцијата утврдени со закон и кон потребите на граѓаните.


 

ОРГАНОГРАМ


 

Правилник за организација и работа на Aгенцијата за катастар на недвижности - заведен под бр. 0101-15955/1 од 16.10.2015 година