Хипотека

Сподели

 

За да изврште запишување на заложно право – хипотека на недвижностите запишани во катастарот на недвижностите, потребно е да се обратите на шалтерот за прием во катастарското одделение надлежно за територијата на која се наоѓа недвижноста и да приложите:

  • пријава во писмена форма;
  • правна основа за запишување;
  • доказ за платен надоместок за услугата во висина од:
    Вид на запишување Единица мерка Вредност на надоместок во денари
    Запишување на хипотека вредност на хипотека  0,1%
    Измени/дополнување/бришење право на хипотека вредност на хипотека  0,05%

     

    Делумно бришење хипотека (паушал од 1000 денари во согласност со член 4 и член 6 од Тарифникот)

     

 Уплатата може да се врши на шалтерот во Катастарот со платежна картичка на ПОС терминал или на уплатница (образец ПП 50) во банка или во пошта:

 

 


Бројот на сметката, на која треба да го уплатите надоместокот за добивање на оваа услуга од АКН, е истакнат (или ќе го добиете) на шалтерот за информации во секое подрачно одделение на АКН.

 

Напомена: Плаќањата извршени преку системите за електронско банкарство (е-banking) не се признаваат бидејќи не може да се провери уплатата во реално време. Агенцијата работи на изнаоѓање решение со кое ќе се овозможи прием и на ваков вид уплата.

Времетраењето на оваа услуга од Катастарот е 1 ден.

По извршената промена, можете да поднесете барање за да добиете имотен лист со запишана хипотека.

Дополнителни информации

 

Бесплатна телефонска линија. Ако имате некоја поплака околу незаконското работење на одредени службеници во Катастарот, но и да се информирате до каде е постапката со Вашиот предмет, обратете се на бесплатниот телефонски број 0800 80 800.

 

 


Преземи пријава (pdf)