Потврда за имотна состојба

Сподели

 

Доколку сакате да извадите потврда дека лицето не е запишано како носител на правото во катастарот на недвижностите (потврда за имотна состојба), потребно е да се обратите на шалтерот за прием во катастарското одделение надлежно за територијата на која се наоѓа недвижноста и да приложите:

  • барање во писмена форма;
  • доказ за платен надоместок за услугата од 450 денари (за територијата на Република Македонија);

       Уплатата може да се врши на шалтерот во Катастарот со платежна картичка на ПОС терминал или на уплатница (образец ПП 50) во банка или во пошта:

 

 

Бројот на сметката, на која треба да го уплатите надоместокот за добивање на оваа услуга од АКН, е истакнат (или ќе го добиете) на шалтерот за информации во секое подрачно одделение на АКН.

 

Напомена: Плаќањата извршени преку системите за електронско банкарство (е-banking) не се признаваат бидејќи не може да се провери уплатата во реално време. Агенцијата работи на изнаоѓање  решение со кое ќе се овозможи прием и на ваков вид  уплата.

Времетраењето на оваа услуга од Катастарот е 3 дена.


Дополнителни информации

Бесплатна телефонска линија. Ако имате некоја поплака околу незаконското работење на одредени службеници во Катастарот, но и да се информирате до каде е постапката за Вашиот предмет, обратете се на бесплатниот телефонски број 0800 80 800.

 

 


 

Преземи барање (pdf)