Копија од катастарски план

Сподели

 

Доколку сакате да извадите копија од катастарски план за имотот што го поседувате и што е запишан во катастарот на недвижности, потребно е да се обратите на шалтерот за прием во катастарското одделение надлежно за територијата на која се наоѓа недвижноста и да приложите:

  • барање во писмена форма;
  • доказ за платен надоместок за услугата од 183 денари за една катастарска парцела;

       Уплатата  може да се врши на шалтерот во Катастарот со платежна картичка на ПОС терминал или на уплатница (образец ПП 50) во банка или во пошта:

 

 

Бројот на сметката, на која треба да го уплатите надоместокот за добивање на оваа услуга од АКН, е истакнат (или ќе го добиете) на шалтерот за информации во секое подрачно одделение на АКН.

 

Напомена: Плаќањата извршени преку системите за електронско банкарство (е-banking) не се признаваат бидејќи не може да се провери уплатата во реално време. Агенцијата работи на изнаоѓање решение со кое ќе се овозможи приемот и на ваков вид  уплата.

Времетраењето на оваа услуга од Катастарот е 1 ден.


Дополнителни информации

Бесплатна телефонска линија. Ако имате некоја поплака околу незаконското работење на одредени службеници во Катастарот, но и да се информирате до каде е постапката за Вашиот предмет, обратете се на бесплатниот телефонски број 0800 80 800.

 

 


Преземи барање (pdf)