Имотен лист

Сподели

 

Со цел да се користат податоците од Геодетско - катастарскиот информационен систем, преку други државни органи, јавни служби и други правни лица во електронска форма, на странките им се пресметува надоместокот во износ од 150 денари за имотен лист.

Доколку сакате да извадите имотен лист за имотот што го поседувате и што е запишан во катастарот на недвижности, потребно е да се обратите на шалтерот за прием во катастарското одделение надлежно за територијата на која се наоѓа недвижноста и да приложите:

  • барање во писмена форма;
  • доказ за платен надоместок за услугата од 180 денари.

      Уплатата  може да се врши на шалтерот во Катастарот со платежна картичка на ПОС терминал или на уплатница (образец ПП 50) во банка или во пошта:

 

 

Напомена: Плаќањата извршени преку системите за електронско банкарство (е-banking) не се признаваат бидејќи не може да се провери уплатата во реално време. Агенцијата работи на изнаоѓање решение со кое ќе се овозможи приемот и на ваков вид  уплата.


Времетраењето на оваа услуга од Катастарот е 10 - 20 минути.

 

Дополнителни информации

Бесплатна телефонска линија. Ако имате некоја поплака околу незаконското работење на одредени службеници во Катастарот, но и да се информирате до каде е постапката за Вашиот предмет, обратете се на бесплатниот телефонски број 0800 80 800.

 

 


 

Преземи барање (pdf)