Известување за циклусот „Отворени денови на Катастарот“

26.01 2017

 

Почитувани,

 

Ни претставува особена чест што можеме да ги информираме граѓаните и компаниите во Република Македонија за новиот циклус „Отворени денови на Катастарот“, кој веќе деветта година по ред се организира од страна на Катастарот. 


Оваа година новина е тоа што покрај денови за граѓаните, еден ден одвојуваме за приватните геодетски фирми, но и за компаниите во Република Македонија. Денот кој е посветен за компаниите е предвидено да биде искористен за обуки, консултации и решавање на посложени предмети од тековното работење.

 

Циклусот „Отворени денови со Катастарот“ ќе започне од 6 октомври и планирано е да трае до 2 февруари 2017 година и истиот ке ги опфати сите 30 подрачни одделенија на Катастарот низ републикава, а целиот распоред може да се види на следниот линк.