Сподели

 

 

 

Бесплатна телефонска линија (инфо-линија)

Бесплатната телефонска линија во Агенцијата за катастар на недвижности функционира од средината на 2006 година. Првиот повик на оваа линија е остварен на 11.7.2006 год. Во јануари 2007 година, телефонската линија е проширена со опции за избирање 1 и 2 за оператори на македонски и на албански јазик. Бесплатната инфо-линија функционира за пријавување забелешка или поплака за некоректен однос на вработените, мито и корупција, добивање информација за статусот на конкретен предмет итн. Линијата е достапна секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот.

 

Инфо-линија за професионални корисници на електронски шалтер и електронски катастар 

Инфо-линијата е наменета за поддршка на професионалните корисници (нотари, приватни геодетски фирми, општини, извршители, адвокати, банки итн.) кои ги користат електронските услуги на Агенцијата за катастар на недвижности, и тоа „е-кат“ и „е-шалтер“. Линијата е достапна секој работен ден во периодот од 8.30 до 16.30 часот.

 

 

Инфо-линија за грижа на корисници, странски инвестиции и домашни бизнис-компании

Оваа линија функционира од 16.2.2007 година како линија за странски инвестиции, а од 19.11.2007 година е проширена и како инфо-линија за домашни бизнис-компании. За да се излезе во пресрет на корисниците на АКН, пуштен е во употреба веб-сервис за е-увид во катастар на земјиште наменет за приватните геодетски фирми кои можат да добијат информации на овој телефонски број. Линијата е достапна секој работен ден во периодот од 8.30 до 16.30 часот.