Барање за изразување интерес

20.03 2014

 

Владата на Република Македонија доби заем од Светска Банка за поддршка на Проектот Катастар на Недвижности и Регистрација (КНР) и има намера дел од добиените средства да ги искористи за обезбедување на консултантски услуги за позицијата: Стручно лице - дипломиран правник за донесување на потврди за дигиталната површина на катастарските парцели во постапката на дигитализација на аналогните катастарски планови  во Одделението за катастар на недвижности во Свети Николе.


Агенцијата за Катастар на Недвижности ги поканува подобните индивидуални консултанти да ја искажат својата заинтересираност за наведената консултантска услуга. Заинтереситаните лица мора да достават Биографија - Curriculum Vitae (CV) на македонски јазик и информации и документи кои ќе покажат дека тие се квалификувани за извршување на услугите (согласно бараните квалификации). 

 

Барање за изразување интерес (.pdf)